Барса тргнува во „ремонт“, девет фудбалери веќе се отпишани (ФОТО)

Барселона годинава само го освои Копа дел Реј што не е доволно за навивачите и раководството на клубот, па затоа по крајот на сезоната следува голем „ремонт“ на „Камп ноу“. Иако шпанските медиуми веќе го отпишаа Роналд Куман, тој е сигурен дека и следната сезона ќе остане на клупата на каталонскиот клуб.

Шпанскиот „Ас“ открива дека холандскиот тренер веќе има отпишано дури девет фудбалери кои следната сезона сигурно нема да бидат дел од Барса. Миралем Пјаниќ, Фелипе Кутињо, Матеуш Фернандес, Жуниор Фирпо, Мартин Бретвајт и Самуел Умтити се играчи на кои холандскиот стратег не размислува и тие сигурно ќе го напуштат клубот летово. На трансфер листата се и Серџи Роберто, Клеман Ленгле и Осман Дембеле кои ако дојде добра понуда исто така ќе заминат.

Планот на Лапорта е јасен, да собере пари барем за едно топ-засилување, кое заедно со „бесплатните трансфери“ на Гарсија, Агуеро, Вајналдум и на Депај би придонело Барса повторно да има извонреден тим со кој ќе атакува на трофеите во сите натпреварувања.

Се вчитува...