Барса во пеколен ритам – ќе игра три средби за 48 часа

Ова се луди времиња за одржување на спортски настани, доказ за тоа е и распоредот што ќе го има ракометниот тим на Барелона, што во следните 48 часа ќе мора да одигра дури три натпревари.

Членовите на каталонскиот гигант беа во десетдневен карантин поради позитивен случај на Covid-19 во нивниот табор, а по излегувањето и неколкуте одржани тренинзи сега мора што поскоро да ги надополнат одложените натпревари.

Серијата ќе почне в четврток, со дуелот од Лигата на Шампионите против Алборг, закажан за 18.45 часот. Веќе в петок каталонскиот гигант ќе го пречека Бенидорм во 16 часот, а веднаш потоа избраниците на Чави Пасквал ќе тргнат на пат кон северозападна Шпанија, каде в сабота во 17 часот ќе гостуваат во Понтеведра.

Факт е дека Барса важи за фаворит на трите средби, но ваков пеколен распоред, и тоа веднаш по десетдневен карантин за сите ракометари, значи и огромен ризик од повреди.

Се вчитува...