Барса за едно полувреме ја реши Севилја

Барселона оствари убедлива победа над Севилја на „Камп Ноу“, победувајќи го тимот на Хорхе Сампаоли со 3-0. Едно полувреме им беше доволно на каталонците за да ги разрешат сите дилеми на овој меч.

Севилја прва се закани преку Н’Зонзи, но потоа следеше фуриозен одговор од Барселона. Луис Суарез во 25.минута го отвори резултатот, три минути подоцна Лионел Меси зголеми на 2-0, а во 33.минута Аргентинецот уште еднаш се запиша во листата на стрелците за трет погодок во мрежата на Севилја. Тогаш веќе беше јасно дека бодовите ќе останат во Барселона.

По оовј триумф, Барселона се искачи на првото место на табелата во Примера со еден бод предност во однос на Реал Мадрид, но и два одиграни натпревари повечќе. „Кралевите“ за неколку минути ќе го стартуваат својот меч на гостувањето против Леганес.

1ST HALF ALL GOALS – Barcelona 3-0 Sevilla by claytonashurst

Се вчитува...