Барсегјан: Имам пријатели во Пјуник, но во фудбалот нема сентименталност

Вардар утре го очекува настап против Пјуник во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Напаѓачот Тигран Барсегјан ќе игра против „своите“ Ерменци, но истакнува дека нема да има ниту најмала сентименталност на дуелот со ерменскиот претставник.

„Нема да ми биде необично што ќе играм тука во Ереван. Јас сум професионалец, и сигурно ќе сакам да победи мојата екипа. Имам пријатели во Пјуник, со некои фудбалери се познавам, меѓутоа на теренот кога ќе почне мечот нема пријателство. И тие како и јас ќе дадат се од себе да победат. Се надевам дека утре Вардар ќе биде подобар, и дека ќе извлечеме добар резултат пред реваншот на домашен терен“, изјави Тигран Барсегјан на прес – конференцијата во Ереван.

Се вчитува...