Дембеле нема среќа, пак се повреди и ќе паузира 20 дена

Барселона оствари убедлив триумф над Лион и се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но остана без Осман Дембеле. Францускиот интернационалец се жали на повреда на бутниот мускул и речиси сигурно ќе го пропушти неделното гостување во Ла Лига против Бетис.

Проблемите за Дембеле почнаа по дуелот против Рајо Ваљекано, но лекарскиот тим успеа да го опорави за важниот меч против Лион во елитното европско клупско натпреварување. Сепак, по напорите состојбата со бутниот мускул е влошена и тој ќе мора да паузира одреден период.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулни влакна, по што се препорачува пауза од најмалку 20 дена од фудбалските терени. Дембеле би требало да се врати на терените за четвртфиналето од Лигата на шампионите, а среќна околност за него е што во меѓувреме ќе има и репрезентативна пауза, па Французинот нема да пропушти премногу натпревари на каталонскиот гигант.

Се вчитува...