Барселона без Иниеста патува за Билбао

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, нема да може да смета на услугите на Андрес Иниеста за вечерашното гостување кај Атлетик Билбао. Тој почувствува болки во мускулот на десната нога и ќе го пропушти дуелот од 10. коло во Ла Лига.

Иниеста нема да биде способен да настапи ниту на мечот од Лигата на шампионите против Олимпијакос на гости, а на тој дуел суспензија ќе одработи Жерар Пике. Сепак, тренерот Валверде многу повеќе се грижи целиот тим да биде фокусиран на фудбалот, откако политиката несомнено е во фокусот на вниманието. Каталонија вчера прогласи независност, но Шпанија истата не ја признава.

„Ние мораме да мислиме на спортот, професионалци сме и во мислите ни е само фудбалот. Се надевам дека сите ќе го сторат истото“, вели Валверде.

Се вчитува...