Барселона „без муниција“ против Гетафе

И втор едноподруго натпревар Барселона не успева да дојде до победа во Примера. Во 23. коло каталонскиот тим изненадувачки ремизираше без голови на „Камп Ноу“ против мадридски Гетафе.

Луис Суарез, Кутињо и Колумбиецот Јери Мина во второто полувреме имаа шанси за погодок, но не успеаја да донесат триумф за својата екипа. Во 91. минута Луис Суарез ја имаше последната шанса за триумф, но неговиот обид со глава од околу 11 метри успешно од под самата пречка го одбрани гостинскиот голман Висенте Гуаита.

По ова реми, Барселона е на врвот со 59 бода, сега со само седум бода предност во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид. На третата позиција е Реал Мадрид со 42 бода и натпревар помалку од првопласираните две екипи.

Се вчитува...