Барселона без проблеми до триумф против Ла Коруња

Барселона ја оствари 13.победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи го тимот на Депортиво Ла Коруња со убедливи 4-0 на „Камп Ноу“. Со тоа каталонскиот состав се зацврсти на лидерската позиција со 42 бода, шест повеќе од Атлетико Мадрид и дури 11 повеќе од Реал Мадрид, кој има и еден меч помалку.

Луиз Суарез ја отвори серијата голови, а потоа следеше и погодокот на Паулињо за 2-0 по првото полувреме. Идентични беа стрелците и во вториот дел, Суарез и Паулињо уште по еднаш се запишаа меѓу стрелците, а Лионел Меси не успеа да реализира пенал во 70.минута.

Се вчитува...