Барселона демантира дека е казнета со 16 милиони евра

Официјалните лица на Барселона ја демантираа информацијата на шпанските медиуми дека се казнети од шпанската даночна управа со 15,7 милиони евра.

Медиумите излегоа со информација дека Барселона треба да плати 16 милиони евра, со што ќе претставува дополнителен удар а клубот, кој ионака се соочува со проблеми околу платите и мора да ги намали за да го исполни финансискиот фер-плеј.

„Барселона сака да ја демантира информација објавена денеска со наслов: „Даночните власти ја казнија Барселона со 16 милиони по откривања плаќања на играчи со автомобили и чартер летови“. Од наводните неправилности кои стојат во написот, ниту едно од споменатите прашања не е казнето од Министерството за финансии. Санкциите споменати во написот се обжалени до Управниот суд и се однесуваат на друго прашање, како што е даночниот третман на плаќањата извршени кон агентите на играчите. Во таа насока Барселона нагласува дека во април 2023 година Централниот управен суд ги уважи жалбите поднесени од нашите адвокати, со што ги укина санкциите поврзани со персоналниот данок на доход. Наскоро се очекува и санкцијата за ДДВ да биде укината“, стои во соопштението.

Се вчитува...