Во намерата да дојде до „хет-трик“ титула во Ла Лига и до пехарот во Лигата на шампионите идната сезона, Барселона го создава тимот кој ќе треба да му донесе на клубот уште еден значителен успех.
Според информациите од Шпанија, „Каталонците“ денеска се договориле со играчот на Њукасл, и актуелен англиски репрезентативец Ентони Гордон. Гордон беше на „радарот“ и на Баерн Минхен, но на крајот се чини дека ќе се сели во Шпанија.
Гордон би требало да биде одлично засилување на крилните позиции. 25-годишниот фудбалер е на списокот на Англија за настап на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, а трансферот би требало да биде реализиран пред почетокот на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
