Шпанските медиуми објавија дека Барселона одлучила да го продаде Френки Де Јонг на Манчестер Јунајтед. Иако Де Јонг е стандарден во Барселона, многумина сметаат дека во целост не ги оправдува оправдувањата.
Познатиот новинар Џерард Морено објави дека Барселона поради финансиски проблеми мора да продаде „капиталец“ и наводно изборот паднал на Холанѓанецот, а целиот трансфер би можел да чини 80 милиони евра. Барселона веќе го договори Кеси од Милан, и од тука веројатно раководството сметаат дека „најбезболно“ ќе биде да го дадат играчот од средниот ред.
Меѓутоа во целата приказна се приклучи Чави кој зборуваше на челниците на клубот и јасно им порачал дека продажба на Де Јонг би била целосно погрешна, и дека е играч на кого смета и следната сезона.
Во клубот оваа реакција на Чави била изненадувачка, со оглед дека сметал дека тренерот без проблеми ќе се согласел на трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА