Барселона е премоќна: Црвена Звезда издржа само едно полувреме

Кошаркарите на Црвена Звезда не успеаја да ја прекинат низата порази доживувајќи го и третиот пораз во четвртото коло од Евролигата. По претходните загубени натпревари во низа од Крка, Макаби и Будуќност, „црвено-белите“ сега загубија со 65-73 од шпанскиот гигант Барселона.

Каталонците, пак, дојдоа и до својата четврта победа во Евролигата благодарение на подобро одиграното второто полувреме од домашните кои парираа единствено во првите две четвртини по кои имаат и предност од 36-33.

Но, клучен беше третиот период од играта кој и припадна на Барселона со 13-24, па во последната четвртина Шпанците само рутински одржуваа предност за конечна победа.

Најдобар во победата на гостите беше Никола Миротиќ со 21 поен и шест скока, а 14 поени постигна Брендон Дејвис. Кај Црвена Звезда најефикасен беше Џејмс Гист со 10 поени.

Претходно, Макаби Тел Авив славеше против Валенсија со 76-63, а Химки победи на гостувањето против Баерн Минхен со 74-87.

Се вчитува...