Барселона ги договори сите услови со Бернардо Силва

Барселона ги договори сите услови со португалскиот фудбалер од средниот ред Бернардо Силва. Станува збор за играч во кого Чави гледа идеален кандидат за главен организатор на играта на Барса, воедно и фудбалер крај кого младите Педри и Гави би можеле уште повеќе да напредуваат.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, 27-годишниот Силва, е сериозно заинтересиран за преселба на „Камп Ноу“, за што веќе ги известил и челниците на Манчестер Сити. Пеп Гвардиола минатиот месец изјави дека нема сосила да чува фудбалери кои не сакаат да останат во Сити, но јасно е дека „граѓаните“ нема да го остават Португалецот да си замине без огромна отштета.

Според последните информации, Сити е подготвен да прифати 80 милиони евра, но за да може да ги исполни своите обврски во трансферот на Силва, Барселона најпрво мора да го продаде Френки Де Јонг.

Се вчитува...