Барселона го доби кошаркарското „Ел Класико“ и го освои шпанскиот Куп

Кошаркарите на Барселона го освоија пехарот во шпанскиот Куп, откако успеаја да го совладаат составот на Реал Мадрид со 64:59, благодарение на одличната игра во последната четвртина, кој ја добија со десет разлика.

Реал Мадрид го доби првиот период со 19:5. Барселона некако се совзема од „шокот“ и успеа да го добие вториот период со 10-13, но и натаму да биде во негатива. Во второто полувреме далеку подобри избраниците на Јасикеичиус, па го добија и третиот период. Но, победата ја остварија благодарение на последниот период кој го добија со 10 разлика (13:23), и така да направат голем пресврт кој им го донесе пехарот.

Никола Миротиќ со 19 поени беше најефикасен, а следуваа Јокубаитис со 12 и Дејвис со 10. Ертел кај Реал Мадрид со 10 поени беше најефикасен. „Кралевите“ потфрлија во шутот за три поени, од 23 обиди реализираа само четири, и тука треба да се бара виновникот за поразот.

Се вчитува...