Барселона го избрка бидејќи е потрошен, а тој го носи Атлетико на чекор од титула во Ла лига (ВИДЕО)

Луис Суарез минатото лето ја напушти Барселона како потрошен фудбалер кој веќе не може да даде максимум, а сега носи водство од 1-2 за Атлетико Мадрид на гостувањето кај Валјадолид во натпреварот на сезоната за „душекчиите“.

Доколку остане овој резултат, за избраниците на Диего Симеоне воопшто нема да биде важен конечниот исход на мечот меѓу Реал Мадрид и Вилјареал каде „кралевите“ во моментов имаат негатива од 0-1.

Се вчитува...