Барселона го „мами“ Меси со десетгодишен договор

Договорот на Лео Меси со Барселона истекува за нешто повеќе од месец дена, но каталонскиот клуб сака да го задржи Аргентинецот во своите редови по секоја цена. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона е подготвена да му понуди и десетгодишен договор кој е составен од три дела.

Првиот од нив е Меси да ја продолжи играчката кариера во дресот на Барселона и следните две години, по што доколку аргентинскиот интернационалец се одлучи да замине во САД и МЛС лигата, да служи како амбасадор на Барселона, а по завршувањето на авентурата во Северна Америка да се врати во Шпанија и да продолжи со работа во клубот.

Триесетитри годишникот веќе подолго време сака да замине од Барселона во потрага по трофеи, а дали ова ќе биде и последниот договор со клубот каде ја помина целата своја кариера останува да видиме. За услугите на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се заинтересирани неколку европски гиганти меѓу кои е и ПСЖ.

Се вчитува...