Барселона го оддува Реал во Мадрид, за ново финале во Купот на Шпанија

Барселона го совлада Реал Мадрид со убедливи 3-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и се пласира во финалето на Купот на Шпанија, шести пат по ред. „Кралевите“ имаа 1-1 по првиот меч на „Камп Ноу“, вечерва пропуштија неколку изгледни шанси преку Винисиус и Бензема, дел од обидите на фантастичен начин ги одбрани Тер Штеген, а потоа стигна казната од каталонскиот тим.

Луис Суарез во 50.минута го постигна водечкиот гол за Барселона. Потоа Винисиус имаше одлична можност за израмнување, но Тер Штеген спаси со феноменална интервенција. Во 69.минута, Рафаел Варан си постигнма автогол во обид да спречи нов гол на Суарез, а четири минути подоцна беше досуден и пенал за гостите, што го реализираше Уругваецот со „паненка“. Барселона во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Валенсија и Бетис.

Ново „Ел Класико“ ќе има веќе в сабота, но во рамките на Ла Лига, каде Барселона има девет бода предност во однос на Реал Мадрид.

Се вчитува...