Ракометарите на Барселона стигнаа до нова победа во Лигата на шампионите откако вечерва славеа на гостувањето кај Пари Сен Жермен со 27-30 во меч од осмото коло од новата сезона во елитата.
Гостите од Каталонија одиграа одлично во првото полувреме на крилата на голманот Емил Нилсен кој уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите голмани на денешницата, па на пауза заминаа со позитива од 13-19.
Во вториот дел најтрофејниот клуб успеа да ја одбрани предноста и да слави со 27-30. Токму Емил Нилсен беше прво име на натпреварот со 18 одбрани, а најефикасни кај Барсас беа Нгесан и Фабрегас со по седум гола. Кај поразените Јахија Омар заврши исто така со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

