Барселона го освои „Супер Глоуб“

Барселона ја освои престижната титула на светското клупско првенство „Супер Глоуб“ во Доха. Во финалето Барса го совлада Фуксе Берлин со 29-24. Барселона е убедливо најуспешниот учесник на „Супер Глоуб“ со вкупно четири титули во Доха каде заврши како победник во 2013, 2014, 2017 и на поиследното издание годинава.

Шпанскиот тим беше во предност во поголем дел од натпреварот. На крајот од првиот дел избраниците на Чави Пасквал водеа со 13-12, а потоа успеаја да се одлепат и да ја обезбедат победата за нова титула во Доха. Решавачката предност Барса ја направи во второто полувреме кога направија серија од 8-1 и поведоа со 24-16 што се покажа дека е недостижна разлика за Фуксе Берлин.

Одлична партија на голот на Барселона имаше новиот голман Кевин Мелер со 40 проценти  на одбранети удари во првиот дел.

Третото место на „Супер Глуоуб“ го освои актуелниот европски шампион Монпелје по триумфот над катарскиот првак Ал Саад со 33-32.

Се вчитува...