Барселона објави дека младиот Нико Гонзалез се согласил на потпис за нов договор и продолжување на меѓусебната соработка до 2026 година. Станува збор за фудбалерот за врска кој има само 20 години.
Каталонскиот тим поради преголемата конкуренција се реши да го прати Нико на позајмица во Валенсија на Џенаро Гатузо. Така, младиот фудбалер ќе продолжи редовно да игра и да се развива, па следното лето ќе се врати на „Камп Ноу“.
Во договорот со Нико, Барселона според најавите продолжи во свој стил и вметна откупна клаузула од една милијарда евра. Во клубот сметаат на Нико Гонзалез за иднината, па во најголем интерес им е да го задржат.
BREAKING NEWS ❗ Nico González renews until 2026 and goes on loan to Valencia for the 2022/23 season
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА