Каталонскиот гигант Барселона го претстави своето најзвучно засилување ова лето, полскиот интернационалец Роберт Левандовски. Каталонците во моментов се на подготвителна турнеја во Соединетите Американски Држави, па затоа првиот човек на клубот, Жоан Лапорта одлучи баш тука да биде промоцијата на Полјакот.
Двократниот освојувач на наградата за најдобар фудбалер според ФИФА на промоцијата изјави дека е среќен што е дел од еден клуб како што е Барселона.
„Јас сум многу среќен што сум тука“, изјави накратко Левандовски.
📸 La foto de família 💙❤ pic.twitter.com/wC0n3GLu2q
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) July 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА