Барселона го претстави Роналд Куман како нов тренер на клубот. Холанѓанецот потпиша договор со Каталонците со траење до 2022 година. Тој на „Камп ноу“ доаѓа како замена за Кике Сетиен кој доби отказ по катастрофалниот пораз од Баерн Минхен од 8-2 во четвртфиналето во Лигата на шампионите. За потсетување Сетиен во Барселона стигна годинава како замена за Ернесто Валверде кој исто така не ги оправда очекувањата на раководството и навивачите на клубот.
Куман беше дел од Барселона како фудбалер од 1989 до 1995 година. Во тој период четири пати ја освојуваше Ла Лига, трипати Суперкупот на Шпанија, а по еднаш Лигата на шампионите и Копа дел Реј. Првата цел на Куман е да се обиде да го задржи Лионел Меси кој не е задоволен од работата на раководството и е подготвен да го напушти клубот.
? ¡Bienvenido a casa, @RonaldKoeman!
?❤ #KoemanCuler— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 19, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА