Барселона го претстави второто летно засилување

Ерик Гарсија е нов фудбалер на Барселона, потврдија од каталонскиот клуб. По доаѓањето на Серхио Агуеро во Барселона доаѓа уште еден играч на Манчестер Сити како слободен агент. Тој договор со каталонскиот клуб потпиша до 2026 година.

Барселона во договорот на Гарсија стави клаузула вредна 60 милиони евра која ќе мора да ја исплати секој тој што ќе сака да го доведе младиот Шпанец во своите редови. Гарсија е роден во Барселона и ги има поминато сите младински категории на клубот.

 

Се вчитува...