Барселона го пронајде идеалниот плејмејкер – Ериксен ќе пристигне на „Камп Ноу“

Играчот за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен, од летово би можел да го носи дресот на каталонците, откако раководството на Барселона во него гледа како идеално решение за проблемите во средината на теренот. Ериксен игра неверојатен фудбал под водство на Покетино, сезонава забележа 18 асистенции и 11 погодоци во дресот на „петлите“ и докажа дека е еден од најдобрите креативци во топ петте лиги. Барса засега нема испратено понуда, ќе чекаат од  Даниел Леви да ја одреди цената за играчот.

Барселона се обидува и со Верати и со Кутињо, но ПСЖ бара 100 милиони евра за Италијанецот, додека Ливерпул не сака ниту да преговара за Кутињо, бидејќи бразилскиот ас стави потпис на нов договор до 2022 година. Данскиот репрезентативец е токму она што му треба на триото „МСН“, со своите одлични асистенции и долги топки да ги разигрува и да бидат поопасни во нападот, нешто што им недостасува од заминувањето на Чави.

Но, шпанскиот гигант ќе има проблем, Ериксен на почетокот на сезоната потпиша нов договор со Тотенхем кој има важност до 2020 година, а познато е колку клубот од Лондон е незгоден кога станува збор за преговори при продажба на свој фудбалер.

Се вчитува...