Барселона го врза својот „дијамант“ со клаузула од милијарда евра!?

Барселона го врзува еден од најголемите свои дијаманти, 17-годишниот Гави со неверојатна клаузула од една милијарда евра.

Иако се уште не се договорени, како што пренесува каталонски „Спорт“, раководството на Барселона и Гави веќе се сосема блиску до договор.

Актуелниот договор на Гави е со важност до 2023 година и вклучува откупна клаузула од 50 милиони евра. Сепак, шпанските медиуми сега категорично наведуваат дека сега според новиот договор новата откупна клаузула треба да изнесува милијарда евра.

Се вчитува...