Барселона и Атлетико постигнаа договор за Антоан Гризман

Антоан Гризман е блиску до конечна преселба во Атлетико Мадрид од Барселона. Клубовите наскоро ќе потпишат договор за трансфер на францускиот фудбалер за 20 милиони евра плус 2 милиони бонуси, пренесуваат шпанските медиуми.

Тоа значи дека Барселона се откажува од клаузулата за откупување на напаѓачот за 40 милиони евра. Од друга страна Атлетико веќе нема да мора да го чува на клупа Гризман до 60. минута за да ги избегне задолжителните услови за откуп.

Гризман со новиот договор ќе заработува околу 30 отсто помалку, а неговата годишна плата ќе изнесува 7 милиони евра.

Се вчитува...