Ливерпул и Барса ќе водат битка за херојот на Хрватска

Ловро Мaјер и донесе три бода на Хрватска на вчерашниот натпревар против Данска во Лигата на Нации и го привлече интересот на европските гиганти. 24-годишникот кој ова лето беше трансфер цел на Атлетико Мадрид сега е мета на Барселона и Ливерпул.

По одличните настапи за Динамо Загреб играчот од средниот ред во 2021 година премина во Рен, а таму продолжи да инспирира. Претходната сезона настапи на 29 натпревари, а постигна шест гола и оствари осум асистенции. Добрата форма продолжи и оваа сезона во која забележа една асистенција во Лига 1, а во Лига Европа постигна еден гол и една асистенција.

Францускиот клуб за неговите услуги бара 60 милиони евра, а доколку некој од европските гиганти се сложи на истата тоа ќе биде нов рекорд во хрватскиот фудал. Засега истиот го држи Матео Ковачиќ кој реализираше трансфер вреден 45 милиони евра од Реал Мадрид во Челси.

Се вчитува...