Барселона има нова „мета“ за десен бек

Барселона е во потрага на ангажман на десен бек, откако оваа позиција се покажа како најпроблематична после првото одиграно коло во шпанската Примера. Токму од тука Барса веќе имаше преговори со неколкумина играчи кои главно минаа без успех. „Каталонците“ во таа намера имаат намера да го продадат или дадат на позајмица Сержињо Дест, на кого Чави повеќе не смета.

Најновата желба за десната бековска позиција е Хектор Белерин од Арсенал. Играчот минатата сезона ја мина како позајмен во Бетис, но сега сака целосен раскин на договорот, откако „топџиите“ не сметаат на него.

Белерин ја мина целата младинска школа на Барселона, и сега Чави сака да го види повторно во дресот на Барселона. Арсенал сака да се ослободи од него поради годишната плата од 5,7 милиони фунти која ја има во редовите на лондонскиот тим.

Барселона претходно не успеа да се договори со Хуан Фојт од Вилјареал и со Томас Муние од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...