Барселона имаше лесен тренинг – рутински триумф на контролата со Штутгарт (видео)

Барселона забележа лесна и убедлива победа на гостувањето против Штутгарт (0-3), уште еден меч што каталонскиот гигант го одигра без Лионел Меси, во исчекување Аргентинецот да потпише нов договор и да се приклучи на подготовките на тимот.

Мемфис Депај покажува дека ќе биде големо засилување по прекрасниот погодок што Холанѓанецот го постигна за водство од 0-1, пред на 0-2 да зголеми младиот Демир. Конечните 0-3 беа дело на Рики Пуиг по извонредното додавање на Антоан Гризман.

Проблем за Куман може да претставува повредата што по еден дуел ја заработи Ленгле, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку долго францускиот дефанзивец ќе отсуствува од терените.

Се вчитува...