Барселона од сезоната 2025/26 нема да биде запаметена само по освојувањето на титулата во Ла Лига, туку и по тоа што влезе во историјата на шпанската лига како прв тим што победил на сите домашни натпревари.
Со победата против Бетис тие ја завршија сезоната без ниту еден изгубен бод пред своите навивачи, постигнувајќи совршена домашна изведба. Екипата на Ханси Флик славеше на сите 19 домашни натпревари оваа сезона, и покрај тоа што мораше да се преселува неколку пати. Каталонците играа на три различни стадиони како домаќини, но беа успешни на секој од нив.
Гол разликата дома исто така е импресивна, откако Каталонците постигнаа 57 гола, а примија само 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
