Барселона испрати официјална понуда за Левандовски

Барселона долго време „флертуваше“ со Роберт Левандовски, полскиот ас пред повеќе од еден месец и официјално обелодени дека сака да си замине од Баерн и да се пресели на „Камп Ноу“, за денеска да пристигне и првата официјална понуда од каталонскиот гигант за извонредниот голгетер.

Барса денеска испратила понуда вредна вкупно 35 милиони евра за да го доведе Полјакот. Од оваа сума, само околу 30 милиони евра биле загарантирани за Баерн, а останатите пет милиони биле врзани со различни клаузули. Очекувано, челниците на Баерн Минхен ја одбиле истата без премногу размислување.

Најавени се преговори меѓу двата клуба во наредните денови, а во раководството на Баерн сега се повеќе се размислува за продажба на Левандовски, откако од Ливерпул пристигна Садио Мане како нов предводник на нападот на баварскиот гигант.

Се вчитува...