Барселона издвојува цело богатство за замената за Бускетс

Еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Барселона, Серхио Бускетс на крајот на годината ќе го напушти каталонскиот тим, а раководството на новиот шампион на Шпанија веќе ја бара неговата замена.

Каталонците имаат неколку кандидати, но прв фаворит е среднистот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. 24-годишникот годинава е еден од најдобрите фудбалери на баскискиот клуб кој има големи шанси да се квалификува во Лигата на шампионите следната сезона.

Сосиедад е подготвен да го продаде Зубименди за 60 милиони евра, што во моментов поради сите финансиски проблеми се цело богатство за Барселона. Доколку Барселона ги плати овие 60 милиони евра за Зубименди тој ќе влезе на листата на 10 најскапи трансфери во историјата на клубот.

Се вчитува...