Барселона извиси за Азпиликуета, сега бара бек од Арсенал

Барселона ова лето направи целосна реконструкција на тимот по што беа доведени пет нови засилувања, а и покрај тоа што е неизвесно регистрирањето на дел од нив без прекршување на финансискиот фер-плеј, каталонскиот тим нема намера да запре тука.

Претседателот Лапорта веќе го активираше и „четвртиот пакет“ за финансисрање со кој ќе се обезбедат нови 100 милиони евра, пред се за регистрација на Роберт Левандовски, Рафиња, Андерас Кристенсен, Жил Кунде и Френк Кеси, но дел од овие средства ќе бидат наменети и за нови засилувања.

Голема желба на Чави беше ангажманот на Цезар Азпиликуета, но откако капитенот се одлучи да ја продолжи соработката со Челси на уште две сезони погледот го насочи кон Арсенал и незадоволниот бек Хектор Белерин. Шпанецот и во минатото се поврзуваше со враќање во Барселона, но тогаш „топџиите“ одолеаја на понудите.

Во меѓувреме не се подобри соработакта со лондонскиот тим, бекот замина и на позајмица во Реал Бетис каде му помогна на тимот да го освои Купот, а сега е пред раскин на договорот со Арсенал со цел да ја продолжи кариерата во татковината.

Се вчитува...