Сагата околу трансферот на Роберт Левандовски и натаму продолжува. Барселона ја зголеми понудата до минхенски Баерн, и сега изнесува 40 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, пишуваат германските медуими. Најпрво понудата беше 32, па 35, а сега „Каталонците“ одново ја зголемија понудата.
Баерн бара 60 милиони евра за двократниот најдобар фудбалер во Светот според изборот на ФИФА, а договорот му истекува следната сезона кога ќе наполни 34 години.
Преговорите околу Левандовски зависат и од друг фудбалер. Според пишувањата на медиумите, Барселона ќе го продаде Френки де Јонг на Манчестер Јунајтед за 65 милиони, и така ќе собере пари за Левандовски.
Полјакот веќе неколку пати истакна дека ќе го напушти Баерн Минхен ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА