Барселона како да игра ФИФА: Ги собра сите слободни агенти, на „Камп Ноу“ доаѓа и Вајналдум (ФОТО)

Барселона во текот на сезоната се соочи со огромни финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот, но каталонците најдоа решение за засилувања во летниот трансфер рок. Имено, тимот од „Камп Ноу“ веќе пристигаат слободни агенти, а последниот од нив е Џини Вајналдум.

Доскорешниот играч на Ливерпул постигнал усмен договор со Барселона за кој во следните неколку денови се очекува и официјализирање. Договорот ќе биде со важност до јуни 2024 година, а Холанѓанецот прифатил и скратување на платата со цел помош на клубот во тешкиот период.

Како потсетување претходно Барселона како слободни агенти ги договори и дефанзивецот Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, а се очекува нивите стапки да ги следи и Мемфис Депај чиј договор со Лион истекува за неколку денови.

Се вчитува...