Барселона ќе добие нов спонзор на дресот, Лапорта подготвува нешто што се’ уште не сме го виделе во фудбалот

Пандемијата на коронавирусот погоди многу клубови ширум светот, а се чини дека Барселона е меѓу најпогодените. Каталонскиот клуб е во огромни долгови по една година одиграни натпревари пред празни трибини, што беше сигурен начин на заработка без кој останаа сите клубови.

Новиот претседател Жоан Лапорта има голема задача да се обиде барем малку да ја ублажи финансиската криза во која се наоѓа клубот во моментов и јасно е дека нема да биде лесно да го стори тоа. Лапорта веќе се обидува да најде нови спонзори со цел да ја подобри својата финансиска состојба и е подготвен да стори сé само за да обезбеди доволна сума на пари за клубот да функционира нормално и следната сезона. Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ќе добие и нов спонзор на предниот дел од дресот. „Каталонците“ соработуваат со Ракутен веќе неколку години, но договорот е пред истекување, a новиот претседател е убеден дека може да извлече уште повеќе пари.

Приходите од јапонската компанија не се баш најдобри и Барселона сигурно ќе го смени главниот спонзор на дресот. „Кадена СЕР“ денес објави дека можат да направат необичен потег. Имено, постои можност на дресот да стои името Најк, кој секако е спонзор на Барселона во однос на опремата. Така, на дресот ќе биде логото на Најк, но и името на оваа компанија, што не се гледа многу често. Американската компанија испратилa понуда до каталонците, и тие побарале рок до кога може да се изјаснат.

Имено, Најк им даде рок на челниците на Барселона од еден месец да одлучат дали сакаат да го стават своето име како главно спонзорско име на дресот. Најк веќе почнува да подготвува дресови за новата сезона и затоа им дадоа толку краток рок на каталонците.

Лапорта сака да почека уште малку бидејќи има уште една година до истекот на договорот со Ракутен и се надева дека ќе дојде попрофитабилна понуда. Но, ако тоа не се случи, тогаш тие ќе мора да ја прифатат понудата на Најк.

 

 

 

Се вчитува...