Барселона ќе го ангажира Пау Гасол?

Кошаркарскиот клуб Барселона ја разгледува можноста да му понуди место во тимот на Пау Гасол, кој доби отказ од Портланд Треилблејзерс.

Гасол во моментов се опоравува од повредата на левото стопало, но планира да се врати на терените со цел да игра за Шпанија на Летните олимписки игри во Токио 2020. Доколку сака да избори место во репрезентацијата тој мора да биде во натпреварувачки ритам, а каталонскиот клуб е подготвен тоа да му го понуди.

39-годишниот центар кариерата ја почна во Барселона од која премина во редовите на Мемфис Гризлис. Најголемата слава во НБА ја стекна во ЛА Лејкерс со кого освои два прстена, а потоа играше и за Чикаго Булс, Сан Антонио Спурс и Милвоки Бакс.

Се вчитува...