Барселона ќе го понуди Андре Гомеш како ‘мамка’ во Ливерпул за да го купи Кутињо

Каталонскиот гигант Барселона не се откажува од намерата да го доведе бразилскиот ас Фелипе Кутињо од Ливерпул во своите редови. Иако англискиот премиерлигаш неколку пати ја одби понудата на Барса во летниот преоден рок, раководството на овој клуб крои нов план како да го ангажира офанзивниот играч за врска.

Барселона е подготвена да го понуди португалскиот интернационалец Андре Гомеш и да доплати одредена сума за да го купи Кутињо. Каталонците изминатото лето беа одбиени и за сума од 120 милиони евра, а Бразилецот остана на „Енфилд роуд“.

Од Англија доаѓаат информации дека и Тотенхем е заинтересиран за Андре Гомеш.

Се вчитува...