Барселона ќе му понуди на Меси доживотен договор

Каталонскиот гигант Барселона има намера да го задржи аргентинскиот генијалец Лионел Меси во своите редови не само до крајот на неговата активна кариера, туку и многу подолго. Раководството на клубот ќе му понуди доживотен договор, односно да остане на „Камп Ноу“ и по завршувањето на кариерата, со некоја од главните функции во клупскиот менаџмент. Ова го потврди членот на раководството, Оскар Грау, на генералното собрание на клубот.

„Меси потпиша нов четиригодишен договор во јуни, но клубот има намера да му понуди доживотен договор. Тоа е нашата идеја за Лео, кој дојде на „Камп Ноу“ како малечко детенце, но стана идол, вистинска икона на клубот. Би сакале да остане во раководните тела и по завршувањето на неговата кариера“, изјави Оскар Грау.

Се вчитува...