Барселона ќе се насочи кон Андер Херера

Каталонскиот гигант Барселона планира голема реконструкција на средниот ред. Тренерот Ернесто Валверде посакува ангажман на најмалку двајца нови играчи за врска, по што е подготвен да се откаже од Андре Гомеш и од Иван Ракитиќ. Секако, во зрели фудбалски години е и Андрес Иниеста, па иако од клубот доби доживотен договор, јасно е дека неговиот придонес на теренот во иднина ќе биде уште помал.

Затоа, покрај Фелипе Кутињо од Ливерпул, Барселона ќе се насочи кон ангажман на Андер Херера, членот на Манчестер јунајтед. Тој не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо, најчесто е на клупата за резерви, а Барселона сака тоа да го искористи и да го доведе на „Камп Ноу“. Каталонците ќе понудат 30 милиони фунти за Херера уште во зимскиот преоден рок, надевајќи се дека Шпанецот ќе сака да го напушти „Олд трафорд“.

Се вчитува...