Барселона ќе урива нов рекорд против Џирона – 32 меча без пораз

Барселона вечерва на „Камп Ноу“ ја пречекува Џирона во каталонската пресметка во Ла Лига, а за избраниците на Ернесто Валверде тоа може да биде ноќ за нов рекорд. Доколку успеат да останат непоразени, ќе постават нов клупски рекорд со 32 натпревари по ред, на кои ја немаат почувствувано горчината на поразот.

Последната ваква серија, 31 натпревари без пораз, Барселона ја имаше под раководство на Пеп Гвардиола во сезоната 2010/11, кога тимот не загуби од третото, па се 33.коло во шампионатот.

Интересно, оваа генерација го израмни тој рекорд, а за тоа се заслужни двајца тренери, и Луис Енрике и Ернесто Валверде. Првите седум меча без пораз ги нанижа Луис Енрике, а оваа сезона Ернесто Валверде има 24 меча без пораз на кормилото на каталонскиот клуб. Рекордот може да „пукне“ вечерва, доколку Џирона не приреди сензација на „Камп Ноу“, што секако е тешко за верување.

Се вчитува...