Барселона се откажа од проектот за Европска Суперлига, чии главни иницијатори беа нејзините челници и челниците на Реал Мадрид. Според Радио Каталонија, Барселона е задоволна од промените што ги направи УЕФА во новиот формат на Лигата на шампионите и повеќе не сака да учествува во ново вакво натпреварување.
Пред сè, Барселона е задоволна од новата распределба на финансиите што УЕФА ја постави во новиот формат на Лигата на шампионите. Мотивот за создавање на Суперлигата, или барем заканата од нејзино создавање, беше финансиски. Најсилните европски клубови се обидоа да создадат натпреварување во кое ќе се натпреваруваат едни со други и ќе заработуваат многу повеќе отколку што би заработувале во натпреварувањата на УЕФА.
Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, сега е сам во своите напори да ја започне Суперлигата. Односите меѓу УЕФА и Барселона се подобрија во последните неколку месеци. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го гледаше натпреварот со ПСЖ од официјалната ложа како гостин на Барселона.
Барселона е во финансиска криза уште од пандемијата на коронавирусот и мора да работи според посебни правила, според кои не им е дозволено да трошат повеќе отколку што заработуваат. За потсетување, Суперлигата е проект што го прифатија најголемите европски клубови во 2021 година, но тие набрзо се повлекоа, главно под притисок на навивачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

