Барселона „крева раце“ од Алварез и го менува планот за напаѓач

Барселона почнува да се помирува со фактот дека Атлетико Мадрид не сака да го продаде Хулијан Алварез. Поточно, дека може да си оди, но во кој било друг клуб освен Барселона.

Каталонски извори денес пишуваат дека Барселона ќе го промени својот план во летниот преоден рок и дека ако не го доведат Хулијан, нема да потрошат многу пари за друг напаѓач.

Очигледно, Ханси Флик и Деко се согласиле дека во тој случај Феран Торес ќе биде единствениот напаѓач, но дека Карим Адејеми или Дани Олмо ќе играат како „број девет“ доколку е потребно. 

Во тој случај, Барселона ќе ги пренасочи парите за зајакнување на други позиции во тимот, но имињата се непознати. Се споменуваше Ајмерик Лапорт, но Барселона не сака да преговара со Атлетик Билбао, а Флик верува дека Жерар Мартин може да се развие во уште подобар дефанзивец.

Останува нејасно дали Роналд Араухо ќе замине, во тој случај ситуацијата би можела да се промени. Засега, и тој и Жил Кунде одбија да преговараат со други клубови, па позициите на централен бек остануваат пополнети.

Се вчитува...