Каталонскиот гигант Барселона во јануари нема да го засилува нападот, туку акцент ќе стави на зголемување на конкуренцијата во одбраната. Тренерот Ернесто Валверде успеа да го стабилизира последниот бедем пред голот, Барса оваа сезона прима значително помалку голови од минатата, а тој посакува уште еден млад дефанзивец кој би претставувал иднина на клубот од „Камп Ноу“.
Валверде го „пикираше“ Матијс Де Лигт, 18-годишниот централен дефанзивец на Ајакс кој веќе има и два настапи за најдобрата репрезентација на Холандија. Тој смета дека Де Лигт би бил одлично дополнување за Пике и Умтити, со оглед дека Вермален и Маскерано на крајот од сезоната треба да го напуштат овој клуб.
Барселона е подготвена да понуди 30 милиони евра за Матијс Де Лигт и да го доведе на „Камп Ноу“ веќе во зимскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА