Барселона купува дефанзивец од Ајакс

Шпанскиот гигант Барселона ќе се обиде значително да го реновира тимот во летниот преоден рок, а и покрај тоа што главниот збор ќе го има новиот тренер, по одлуката на Луис Енрике да си замине, сепак, раководството полека планира дел од засилувањата. По најавите дека тимот од „Камп Ноу“ е заинтересиран за Хектор Белерин од Арсенал, за враќање на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен, како и за ангажман на Андреа Белоти од Торино, се планира и доведување на неколкумина млади и талентирани фудбалери. Меѓу нив е и Девинсон Санчез, дефанзивецот на Ајакс.

Младиот колумбиски интернационалец игра одлично оваа сезона во редовите на Ајакс, и веќе го привлече вниманието на скаутите на Барселона, кои двапати ги следеле неговите настапи во живо. Одлучено е дека се работи за мошне квалитетен млад централен дефанзивец, кој би можел да биде одличен наследник на Хавиер Маскерано. Барселона е подготвена за него да плати 20 милиони евра и да го доведе на „Камп Ноу“ ова лето.

Се вчитува...