Барселона купува десен бек од Борусија Дортмунд или Вилјареал

После првиот натпревар на Барселона со Рајо Валјекано, кој заврши без голови, тренерот Чави итно побарал да биде ангажиран десен бек. Чави смета дека тоа е голем проблем за Барселона, и сака да го реши.

Токму од тука Барселона е заинтересирана за Томас Муние од Борусија Дортмунд, како и за Хуан Фојт од Вилјареал. Белгиецот Муние чини некаде од 12-13 милиони евра, но Борусија не сака да се откаже од него, со оглед дека е стандарден десен бек во екипата. Аргентинецот Фојт, пак, е нешто поскапа варијанта (25 милиони).

Барселона е подготвена дури да го испрати Сержињо Дест во Дортмунд, да го добие Муние. Дест не е во плановите на Чави за идната сезона, и не беше во тимот на првиот меч со Рајо.

Се вчитува...