Барселона мора да плати казна од 16 милиони евра

Продолжуваат големите проблеми за каталонскиот фудбалски гигант Барселона. Откако се соочуваат со големи финансиски проблеми, нов шок пристигна денеска откако шпанската Управа за јавни приходи им изрече казна од 15.7 милиони евра.

Казната е за неколку различни престапи поврзани со неплатен данок. Истрагата е отворена во 2019 година, а се работи за случаи кои датираат уште од 2015 година.

ден таков случај е непријавените плаќања за чартер-летови на своите фудбалери. Сличен е престапот и во случајот со Ауди, кој беше спонзор на Барселона во тој период. Како и торшоците за чартер-летовите, клубот ги сокрил издатоците за изнајмување автомобили ауди за своите играчи.

Понатаму, има неправилност околу пријавувањето на исплатените компензации на Александр Сонг (3,5 милиони евра) и Арда Туран (1,3 милиони евра) за раскинување на нивните договори, првиот во 2016, вториот во 2020.

Барселона на секој начин гледа како да го врати Лионел Меси во своите редови, но оваа казна е уште еден удар на плановите на раководството предводено од Лапорта.

Се вчитува...