„Барселона може да пропадне за две години затоа Баерн не сака да го продава Левандовски на рати“

Трансфер сагата за премин на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона продолжува понатаму. Полјакот е голема желба на Чави, а и покрај тоа што голгетерот сака да ја промени средината германскиот клуб не сака лесно да се откаже од неговите услуги.

Барселона и Баерн Минхен не можат да се договорат за сумата на трансферот. Германците бараат 50 милиони евра, Шпанците се подготвени да „искешираат“ 40 милиони во моментот, а 10 милиони на рати, но баварскиот клуб не ја прифаќа оваа опција.

Новинарот Рафаел Нонингстен во подкасотот „The Totally Football Show“ открива дека истата е неприфатлива за Баерн Минхен бидејќи германскиот клуб смета дека Барселона може да пропадне во следните две години.

„Барселона може да пропадне за две години затоа Баерн не сака да го продава Левандовски на рати“, вели новинарот.

Каталонскиот клуб беќе се соочи со сериозни финансиски проблеми, но и покрај тоа што се чинеше дека истите се надминати работите не се идеални на „Камп Ноу“.

Се вчитува...