Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитривски и Валенсија со голема победа ја завршија сезоната во Ла Лига, триумфирајќи против шампионот Барселона со 2-1.
Во уште еден одличен меч за Димитриевски, кој повторно беше еден од најзаслужните во неговиот тим за победата, Барселона прва поведа со голот на Левандовски во 61. минута.
Но, Гуера во 66. минута и Риоха во 71.минута донесоа целосен пресврт. Конечните 3-1 ги постави Родригез во финишот за убедлив триумф на Валенсија, која, сепак, не успеа да се избори за настап во Конференциската лига само поради Гетафе над Осасуна од 1-0.
Реал Мадрид без никакви проблеми со 4-2 славеше против Атлетик Билбао со головите на Гарсија, Белингам, Мбапе и Диаз.
Џирона испадна од Ла Лига откако пред своите навивачи само ремизираше (1-1) со Елче. На Џирона и беше неопходна победа за сигурен опстанок во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
