Барселона најде замена за Пике и го поремети планот на Челси

Жил Кунде наскоро ќе стане фудбалер на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот стопер на „Камп Ноу“ ќе пристингне на местото на Жерар Пике во трансфер вреден 60 милиони евра и ќе го замени легендарниот стопер кој е во тимот уште од 2005 година.

Воедно со тоа каталонскиот клуб го претекна Челси во ангажман на играчот кој беше трансфер цел уште во претходниот преоден рок. Тогаш „сините“ чекаа на трансферот на Курт Зума во Вест Хем, а во последен момент Севилја ја покачи цената со што 23-годишникот остана во Шпанија.

Интересно, за услугите на Кунде постои интерес и од Њукасл. Тимот со најбогат газда на светот е подготвен да ја активира откупната клаузула па ќе биде интересно да видиме дали Премиерлигашот ќе успее да ги поремети плановите на Барселона и во последен час да го доведе стоперот во своите редови.

Се вчитува...